СДСМ: Изборот пред граѓаните е членство во ЕУ со СДСМ или изолација со ДПМНЕ

sdsm4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изборот пред граѓаните на претстојните избори е јасен, членство во ЕУ со СДСМ или изолација со ДПМНЕ, велат од СДСМ.


„Ова се избори помеѓу надежта со СДСМ и безнадежноста со ДПМНЕ, избори помеѓу прогресивна иднина или заглавување во минатото. Евроинтеграциите се единствениот процес кој може да донесе позитивни промени и подобар животен стандард, подобро образование, здравство, функционално владеење на правото“, додаваат од СДСМ.

Како што посочувааат од партијата, граѓаните знаат дека СДСМ има конкретен план, волја и знаење да ја однесе во Македонија во ЕУ.

„Затоа ќе го дадат својот глас за кандидатот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Стево Пендаровски, претседателот на сите граѓани, за европска просперитетна Македонија“, завршуваат од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK