Насилство во Скопје и Кавадарци: мажи на возраст од 69 и 77 години нападнати од сопствените синови

Грабнат-татко-и-избоден-син-во-Берово-поради-долгови-двајца.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Двајца татковци во полицијата пријавиле дека биле нападнати од своите синови.


Во првиот случај, се работи за 77 годишник од Скопје, кој пријавил дека во саботата околу 15.00 часот во домот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од својот син С.К.(52).

Во вториот, приведен е Г.С.(43) од Кавадарци затоа што во семејниот дом физички го нападнал неговиот 69-годишен татко, при што употребил и тврди предмети.

Г.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и потоа е спроведен во здравствена установа.

По документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK