Ермосо како слободен играч ќе потпише со Интер

Hermoso.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Марио Ермосо нема да го продолжи договорот со Атлетико Мадрид. Дефанзивецот на крајот од сезоната ќе го напушти клубот како слободен играч. Ермосо, во 2019 година се пресели во Атлетико од Еспањол за 25 милиони евра.


Италијанските медиуми тврдат дека Ермосо од наредната сезона ќе го носи дресот на Интер. Доколку се случи тоа уште еднаш ќе се потврди дека спортскиот директор Бепе Марота е мајстор на својот занает.

Марота за наредната сезона веќе ги договори Пјотр Зјелински и Мехди Тареми. Полјакот и Иранецот исто без обесштетување ќе се преселат во Интер.

Медиумите во Италија пишуваат дека Ермосо во Интер ќе има годишна плата од пет милиони евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK