Фудбалер од ФК „Брера“ од Струмица нападна играч на ГФК „Тиквеш 1930“ од Кавадарци, по вчерашнниот натпревар од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Фудбалерот е приведен, а според информациите од МВР се работи за Ѓ.И.(28) од Република Србија.
„По завршување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ГФК „Тиквеш 1930“ од Кавадарци и ФК „Брера“ од Струмица, одигран на Градскиот стадион во Кавадарци, Ѓ.И. – играч на ФК „Брера“, физички го нападнал Д.К.(32) од Прилеп – играч на ГФК „Тиквеш““, информираа од полицијата.
По документирање на настанот против Ѓ.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.