Кандидатот за претседател од коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари на прес-конференцијата рече дека оваа прес-конференција е невообичаена бидејќи, како што рече Таравари, доживеал шок кога ја видел реакцијата на официјална Приштина во однос на планот од 9 точки на ОБСЕ, за деескалација и нормализација на северот на Косово, составена од Бујар Османи како прв човек на оваа организација.
„Авторството на овој план, кој во тоа време беше целосен антипод на ситуацијата и интересеите на Косово односно Албанците, го потврди г. Османи во намерно лизгање во една ТВ емисија завчера навечер во Косово. Овој негов обид за да покаже дека како министер за надворешни работи придонел и за стабилноста во регионот, е една горчлива вистина за граѓаните на нашата земја и за Албанците насекаде. Сега сме во ситуација кога за среќа велиме дека тој план не беше прифатен и не беше спроведен од страна на Владата на Косово. Знаеме затоа што со голема братска загриженост ги следевме случувањата во Република Косово и ситуацијата на северот на земјата таму. Притисоците со кои се соочуваше Република Косово беа големи, а од друга страна, заканите и хибридната војна од српската држава на северот на земјата, секогаш биле постојани.“, рече Таравари.
На крајот Таравари рече дека неговата координација е секогаш со албанските држави и особено со официјална Приштина, а не да се ракува со Лавров, Вучиќ и Дачиќ.
„На владеачкиот начин на размислување на господинот Османи и на ДУИ воопшто, треба да му кажеме Доста затоа што ова е врвот. Оваа неспособност може да ги чини Албанците премногу во национална смисла“, рече Таравари.