Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека во наредниот период во регионот Оренбург, кој беше погоден од големи поплави, може да бидат поплавени уште 6.000 куќи, откако минатата недела поради поплави беше прогласена вонредна состојба во таа област.
„Во најлошото сценарио, повеќе од 6.000 куќи можат да се најдат во зоните на поплави, од кои 28 се станбени згради во кои живеат над 20.000 луѓе“, изјави портпаролот на Министерството за вонредни ситуации за регионот Оренбург.
Тој изјави дека поплавите можат да зафатат седум делници од автопатот во тој реон.
Претходно денеска, Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека се поплавени повеќе од 10.400 станбени згради и дека повеќе од 6.100 луѓе се евакуирани.
Водостојот на Урал вчера првпат падна за девет сантиметри по пукањето на браната.