ИДФ: Еден од командантите на елитната единица на Хезболах е елиминиран

Израелската-армија-тврди-дека-открила-едно-од-најголемите-складишта-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелската армија соопшти дека елиминирала еден од командантите на елитната единица Радван, во воздушен напад на југот на Либан.



Според ИДФ, Али Ахмед Хасин, кој има чин бригаден генерал, е обвинет за напади на северниот израелски дел од територијата, гребенот Рамим, област која е под постојани ракетни и беспилотни летала напади од почетокот на војната со палестинскиот Хамас, објави тајмс оф Израел.

„Според улогата што ја имаше, тој беше одговорен за планирање и извршување на терористички акции во близина на гребенот Рамим против израелските сили“, соопшти ИДФ.

Хасин беше нападнат во јужниот либански град Ас-Султанија, а ИДФ додаде дека во нападот биле убиени уште двајца оперативци на Хезболах под негова команда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK