Продолжува потрагата по телото на двегодишната Данка

danka-bor.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Потрагата по телото на убиеното двегодишно девојче Данка Илиќ во местото Бањско Поле кај Бор е прекината синоќа, а се претпоставува дека ќе продолжи денеска во селото Злот од каде што е еден од осомничениот за убиството, јавува репортерот на Танјуг од Бањско Поле.


Засега нема нови информации околу потрагата по телото на девојчето, за чие убиство вчера беа уапсени две лица.

Се претпоставува дека се пребаруваат и други места, како и дека вчера освен дивата депонија, каде според првите изјави, сторителите на делото го фрлиле телото на девојчето, претресот бил извршен на повеќе локации. Извршен е претрес во куќата на еден од осомничените Срѓан Јанковиќ во селото Лука.

Според репортерот на Танјуг, во куќата имало и припадници на Жандармеријата, а ја пребарале и фармата на дедото на осомничениот, која се наоѓа на неколку километри.

Теренот интензивно се пребарува на повеќе локации, бидејќи, како што изјави вчера министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, постои сомнеж дека еден од осомничените го пренел телото од дивата депонија каде што првично е однесено на друга локација.

Граѓаните на Бор, во близина на местото каде што се случи несреќата, запалија свеќи за настраданата Данка Илиќ, а никој од мештаните не може да поверува дека ова е епилогот, бидејќи сите се надеваа дека девојчето е киднапирано и дека е живо.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK