Бајден му постави ултиматум на Нетанјаху

bajden1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден му порача на Израел вчера дека САД ќе ја прекинат помошта доколку невини цивили продолжат да страдаат во Газа. За време на 30-минутниот телефонски разговор, Бајден му рече на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Израел мора да преземе итна акција за да ги заштити животите на цивилите и да дозволи храната да пристигнува во Газа или САД ќе ја намалат поддршката за воената кампања на Израел против Хамас.



Тој додаде дека нападите врз хуманитарните работници и тешките услови за живот на цивилите во Газа се неприфатливи. Да потсетиме, во понеделникот при израелскиот напад врз возилата на хуманитарната организација World Central Kitchen (WCK), загинаа седум хуманитарни работници, меѓу кои има државјани на Австралија, Британија и Полска и еден двоен државјанин на САД и Канада.

Телефонскиот разговор на Бајден со Нетанјаху укажува на значителна промена во неговиот пристап кон Израел по нападите врз хуманитарните работници. Поточно, администрацијата на Бајден очекува Израел да отвори повеќе премини за помош за Газа, да дозволи повеќе камиони со храна да пристигнат и израелската војска да обезбеди премин за хуманитарните работници.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави за новинарите дека Бајден бара Израел да преземе конкретни чекори „во следните часови и денови“ за да ги олесни тешките услови за живот во Газа. „Ако не видиме промени од нивна страна, ќе има промени од наша страна“, рече Кирби, а пренесува Тајм.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK