Јакимовски: Имаме кандидати за претседатели кои предлагаат бришење на Македонците од Уставот

stevco-jakimovski-kampanja-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„На денешната средба со граѓани од Тетово поразговаравме за нивните секојдневни проблеми, а секако дека најголем проблем е што нивните деца бегаат надвор од Република Македонија, бараат подобар живот, и заеднички констатиравме дека сѐ е тоа резултат на лошо средена Република Македонија. Не е толку сиромаштијата, колку што е лошиот правен систем во Македонија. Тоа е уште една потврда дека имаме сериозна причина да разговараме за тоа како Република Македонија понатаму и тоа е уште поголема причина да разговараме на највисоко ниво, односно кандидатите за претседатели на Република Македонија“, рече претседателскиот кандидат, Стевчо Јакимовски.


„Јас сум запрепастен, како кандидатите за претседатели да немаат ниту една дебата, а имаме претседателски кандидати кои бараат промена на Устав, имаме кандидати за претседатели кои предлагаат бришење на Македонците, значи предлагаат граѓански Устав, да се избришат Македонците од Уставот, се обидуваат да направат тектонско пореметување на уставниот и политичкиот живот во Република Македонија.

Очигледно е дека тие, со тоа што земале по 975.000 ЕВРА за рекламирање, дека тоа им е доволно и мислат дека на таков начин, ќе обезбедат предност во оваа изборна кампања. Но јас ќе им кажам, ќе им порачам дека парите се најмалку битни, не милион евра, милијарди да истурат народот точно гледа кој знае, кој разбира и кој искрено се бори за граѓанитена Република Македонија, а кој фолира и се обидува да ги излаже.

Со самиот факт дека бегаат од дебати јасно покажуват дека има што да скријат од народот и се обидуваат тоа да го скријат и доколку имаме дебати секако дека тие работи ќе ги разоткриеме и граѓаните на Република Македонија ќе имаат чиста слика за тоа кој треба во наредните пет години да ја води Република Македонија“, изјави претседателскиот кандидат, Стевчо Јакимовски при посетата на Тетово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK