(Видео) Стоилковски: Дали пласираните фалсификувани документи од СДС се дело на Асаф Исеин

naum04042024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Срамниот и недостоинствен однос на СДС да се служи со фалсификувани документи за да напаѓа медиуми, агенции и секако за напад врз ВМРО-ДПМНЕ е само уште еден дел од мозаикот на скандалот за странското сомнително советување на СДС и на Стево Пендаровски од контроверзниот странски консултант Асаф Исеин, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.


„Асаф Исеин е дел од израелска група предводена од Тал Ханан за пласирање на лажни вести, црна кампања и за одлагање на избори или намалување на излезност, преку фалсификување документи и оценување на лица и агенции преку медиуми, пишува во извештајот од истрагата на најголемата меѓународна новинарска истражувачка група OCCRP, којашто тајно успеала да договори состанок и да ја снима групата што се’ таа нуди.

Британскиот Гардијан ги опишува како манипулатори кои се служат со хакирање, саботирање и дезинформации на социјални медиуми, преку посебен систем којшто содржи илјадници лажни профили, меил адреси, но и сметки за трговија на интернет, сметки со биткоини, сметки за плаќање сместување ширум светот.
Во Велика Британија се опишани како тим кој нуди мешање во избори, работеле во над 30 држави ширум светот, а работат и за корпорации за уништување на конкуренти“, додаде тој.

СДС, според него, повеќе не може да бега од одговори. Особено, како што додаде, откако Пендаровски призна дека лицето е ангажирано, а јавноста вчера беше жртва на црна кампања од СДС со злоупотреби на медиуми за пласирање на фалсификувани документи.

„Оттука СДС итно мора да одговорат: Прво; кој го плаќа ова лице Асафи Исеин, дали е ангажиран од Македонија или од надвор? Дали СДС имаат договор како што налага законот, или дали на Исеин му се плаќа на рака со црни пари, вон пријавените, со што се крши законот? Второ, од кога е ангажиран Асаф Исеин, имајќи ги предвид законските ограничувања? Трето, која е целта на ангажманот на Асаф Исеин во Македонија, и дали таа не е спротивна на изборите и на државата? Четврто, дали за работа на Асаф Исеин, член на групата Тал Ханан, е ангажирана најмалку уште една домашна агенција за маркетинг спотови и спроведување на анкети?“, истакнува Столковски.

Оценува дека одговорот на македонскиот народ на таквите понижувања, одговорот кон лажните вести, одговорот на манипулациите, криминалот и корупцијата, СДС ќе го види вечерва на најголемиот и најмасовен народен собир пред Владата во 20 часот.

„На народот му е доста од мешетари и мешетарење.
Затоа вечерва народот тргнува по својот избор, трга во промени во свои раце, Македонија повторно да ја направи горда“, рече Стоилковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK