Мицкоски до Ковачевски: Немојте да зборувате за минатото и режимот, тогаш најгласно аплаудиравте на настаните на ВМРО-ДПМНЕ

mickoski_2342424243
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кога зборуваме за единствениот пат мислиме на Европската унија, ние со промена на Уставот нема да обезбедиме членство во ЕУ. Да ги разјасниме работите имаме една позиција Македонија членка на ОН под времената референца и јазик стоеше македонски, националност Македонска, тоа го имаме од осамостојувањето на Македонија и никој не ја спорел. Тоа што било идентитет никој не го спорел, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот дуелот за Македонија во Само Вистина што се емитува на телевизија Канал 5.

Мицкоски го праша лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски кој е всушност тој? – Оној кој го поддржувал проектот Скопје 2014 во минатото и аплаудирал на настаните или овој сега кој го критикува.


„Околу вашата позиција кој е сега Ковачевски оној при отворање на проектите од Скопје 2014 како официјално лице на една компанија или овој кој сега ги критикува. Кој Ковачевски сте тој што се поклонуваше на тие антички статуи, отворајќи објекти како Македонскиот  театар, Музејот на ВМРО, македонската јавност мора да знае“, кажа Мицкоски.

Мицкоски му укажа на Ковачевски дека тогаш не ги штедел дланките  и можеби давал најгласен аплауз.

„Ако ве советувале да правите компарација еве да направиме од една страна Aли Ахмети кој дава совет – како до сега Ковачевски и Пендаровски, од друга страна ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата заедно со народот“, порача Мицкоски заклучувајќи дека нема никој дилема оти иднината на Македонија е во ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK