(Видео) Петковски: Нови пукања и престрелки, ДПМНЕ ја влошува безбедноста на граѓаните

PetarPetkovski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секогаш кога ДПМНЕ е на чело на МВР се влошува безбедносната состојба во Македонија. Вчерашниот обид за убиство на градоначалник, со пукање, во кое се ранети две лица е последниот случај, оценува Петар Петковски, потпретседател на СДММ.


„Во само два месеци откако ДПМНЕ и Тошковски го водат МВР, се случи свирепо убиство на младо момче, убиства и пресметки на криминални групи, убиство на доктор, опожарени возила во Прилеп. Нема промени во ДПМНЕ.

Како и за време на 11 годишното владеење на ДПМНЕ кога цветаше криминалот и корупцијата, кога имаше секојдневни тепачки во градските автобуси и кога МВР беше МВРО ставено во целосна услуга на Белата палата.

Оддалечување од европскиот пат ќе значи нова неизвесност и несигурност“, вели Петковски.

Граѓаните, додава тој, не сакаат неизвесност и несигурност, сакаат безбедни улици, сигурност и стабилност.

Тоа, како што оценува е можно само со СДСМ и со полноправно членство во ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK