Мелина Џиновиќ (43) упаднала во куќата на нејзиниот поранешен сопруг Харис (72) во Белград, пишува српски „Блиц“.
Според написите, тој веднаш повикал полиција за да ја избрка од домот во кој живее со синот Кан и ќерката Џина.
Полицајците пристигнале брзо на местото на настанот, а потоа, Мелина изјавила дека Харис ја малтретирал.
Полицијата потоа, му го одзела пиштолот што Харис го имал во куќата, иако имал дозвола за тоа.
Пејачот и Мелина неодамна се разведоа по 12 години брак. Џиновиќ призна дека разводот го погодил.
„Јас сум голем емотивец. Логично е човек да плаче, да тагува и низ солзи да ја покажува својата болка. Не е ништо ново, а не е ниту срамота. Не ми е гајле колку ни беше убаво порано. Не ја гледам веќе затоа што има многу гнев во мене. Таа ми предизвика толку многу неправда и болка“, изјавил пеачот за „Блиц“.
„Ситуацијата со неа е мртва. Тоа е како да не постои. Како да му верувам повторно на предавник. Тоа нема смисла“, објаснува тој и додава дека верувал дека Мелина е љубовта на неговиот живот.