Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков ќе излезе предвреме од затвор.
Одлуката ја соопшти Кривичниот суд, откако Апелација ја уважи неговата жалба и предметот го врати пред првостепениот суд.
„Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга за условен отпуст на осудениот С.М., по одржана јавна седница, прибавена и разгледана целосна документација согласно напатствијата на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое го Уважи предлогот на Директорот на казнено поправната установа.
Согласно решението, осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.04.2025 година.
Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“, соопшти Кривичниот суд.