Априлијада во централниот парк во Ѓорче Петров

Maskembal-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Креативни, оргинални, одлични маски денеска продефилираа во централниот парк во Ѓорче Петров на „Априлијадата“ која ја организираше општината во соработка со училиштата и градинката.


„Најважно од се е што видов многу весели дечиња на едно место. Особено ми е драго што повторно ги усреќивме нашите најмлади жители за кои ја приредивме оваа манифестација, затоа што за мене како градоначалник, но и како родител, нема поголема радост од насмеани млади лица“, вели градоначалникот Александар Стојкоски.

„Маските многу позитивно ме изненадија. Се воодушевувам на идеите и креативноста. Честитки за оргиналноста на сите учесници и честитки и до сите добитници на наградите кои ги доделивме по повод 1 Април – Денот на шегата“, додава Стојкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK