Манчестер сити и Арсенал вчера одиграа 0:0 во дербито од 30. коло на Премиер лигата. Неколку часа претходно Ливерпул го победи Брајтон со 2:1 и се издвои на челната позиција со два бода повеќе од Арсенал и три од актуелните шампиони Манчестер сити.
Поради бодовната предност, но и распоредот до крајот на сезоната, Ливерпул има најголеми шанси прв да ја мине целта.
Така мисли суперкомпјутерот „Опта Статс“, компанија специјализирана за проекции и статистичка обработка на најсилните европски лиги. По вчерашните натпревари, 10.000 пати бил симулиран финишот на сезоната во Премиер лигата и првпат оваа сезона фаворит за титулата не е Манчестер сити.
Симулациите покажале дека во дури 47,7 отсто од случаите титулата ја освојува Ливерпул, што е за 12,4 отсто повеќе отколку пред 30. коло. Шансите на Манчестер сити изнесуваат 33,5 отсто, што е помалку од 12,4 отсто, додека Арсенал и понатаму има 18,8 отсто шанси да ја освои титулата.
Да потсетиме, Сити освои пет од последните шест титули, а во 2020 година шампион беше Ливерпул на кој му беше прва титула по 30 години. Арсенал последен пат беше шампион пред 20 години.
🚨NEW FAVOURITE FOR THE PREMIER LEAGUE TITLE ALERT🚨
That’s right. For the first time this season, the Opta supercomputer doesn’t think Man City are the favourites to win the league.
Liverpool are now in the driving seat ⬇️https://t.co/n7fyu3g9Ht pic.twitter.com/thtEATt1V8
— Opta Analyst (@OptaAnalyst) March 31, 2024