Ќе добијат дополнителна суспензија? Левандовски и Кансело намерно добиле жолти картони

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Барселона со тешка мака и со фудбалер повеќе, во саботата го победи Лас Палмас (1:0). На осум кола до крајот на сезоната, Барселона има осум поени помалку од лидерот Реал.


Како што сега стојат работите, за две кола, кога ќе ја пречека Барселона, Реал ќе има можност да ја реши шампионската трка.

Натпреварот во саботата, некои играчи на Барселона го искористија за да ги исчистат жолтите картони. Роберт Левандовски и Жоао Кансело нема да играат против Кадиз во наредната рунда, бидејќи по петти пат сезонава добија жолти картони.

Кога беше заменет во 81. минута, Полјакот крадеше од времето, поради што доби жолт картон, Португалецот во 88. минута доби јавна опомена за прилично остар старт врз противнички играч.

Жолтите картони на Левандовски и Кансело можат да и донесат многу проблеми на Барселона. Според правилата на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, споменатиот тандем би можел да го пропушти и натпреварот против Реал Мадрид, тврди „Марка“.

„Според правилата на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Левандовски и Кансело мора да бидат суспендирани на два натпревари бидејќи намерно добија жолти картони за да го пропуштат следниот натпревар“, пишува „Марка“.

Сепак, на сите им е јасно дека е речиси невозможно ова сценарио да биде реализирано

Инаку, тензиите меѓу двата најголеми шпански клуба се зголемуваат, а тренерот на Барселона, Чави, секоја прилика ја користи да потенцира дека Реал има голема помош од судиите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK