(Видео) Мајк Тајсон тврди дека ја фатил сопругата со Бред Пит: „Ме молеше да не го тепам“

bredpit-majktajson.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мајк Тајсон тврди дека својата поранешна сопруга Робин Гивенс, со која беше во брак од 1988 до 1989 година, ја нашол во кревет со актерот Бред Пит. Тој го напиша ова во неговите мемоари од 2013 година Undisputed Truth, што Гивенс го негираше. Ова се случило во време кога боксерот минувал низ развод со Робин.


Дента кога Тајсон требало да ги потпише документите за развод од Гивенс, тој се предомислил и последен пат отишол да ја посети. Тој го паркирал автомобилот пред нејзината куќа и ја видел во автомобилот со Бред, а подоцна ги нашол заедно во спалната соба. Мајк тврди дека актерот го молел: „Не ме удирај, не ме удирај“.

„Требаше да го видите неговиот изглед кога ме виде. Изгледаше како да ги живее последните моменти од својот живот“, напиша Тајсон.

Во емисија, Тајсон рече дека е многу лут на Пит.

„Требаше да се разведам, но секој ден одев кај неа дома да водиме љубов. Бред Пит тој ден пристигна порано“.

Гивенс му кажа на водителот Енди Коен дека некои од тврдењата на боксерот не се точни.

„Ја немам прочитано книгата на Мајк, но ми велат дека напишал дека не фатил во кревет, што никогаш не се случило“, рече Гивенс и објасни дека таа и Бред биле заедно во автомобилот на враќање од настан. Пит никогаш не коментирал тие тврдења.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK