Играа Сити и Арсенал „победи“ Ливерпул

1460076923.0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Манчестер Сити и Арсенал ремизираа 0:0 во дербито од 30. коло на англиската Премиер лига.


Очекувањата од „мечот на сезоната“, како што многумина го нарекоа, беа големи, но ни приближно не беа исполнети.

На нерешениот резултат на „Етихад“ најмногу му се радува Ливерпул, бидејќи сега е сами на челната позиција на табелара.

Тимот на Јирген Клоп сега има 67 освоени бода, Арсенал два помалку, а Сити е на -3.

Секако, има уште многу да се игра до крајот, но тимот на Јирген Клоп е во најдобра позиција.

Кога станува збор за самата игра, се издвојува една вистинска шанса која остана неискористена во 15. минута.

По корнер од левата страна, Натан Аке беше целосно сам на два метри од голот но не успеа да ја зафати топката на вистински начин.

Истиот играч мораше да си го напушти теренот поради повреда во 25. минута, па Пеп Гвардиола мораше да ротира во одбраната.

Арсенал немаше преголема намера да биде офанзивен како што е способен.
Микел Артета го затегна одбранбениот блок до совршенство, го постави точно за да ги исфрли од ритам Ерлинг Халанд и Фил Фоден.

Доста подалеку од голот и каква било креација ги држеше Кевин де Брујне, Родри и Бернардо Силва.

На крајот Арсенал има повеќе причини за задоволство, бидејќи ја сполнија целта, непоразени си заминаа од Манчестер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK