Единствена Македонија: Бојкот и неуспешни претседателски избори го отвораат патот да дојде вистински македонски претседател

Фотографија-.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Партијата Единствена Македонија, на Јанко Бачев, повика на бојкот на претседателските избори во земјата.


Од тука соопштија дека дваесет и пет организации – политички партии и здруженија потпишале Повелба за стратешка соработка со која се предвидува формирање на Кризен штаб кој ќе води јавна пропаганда за неизлегување и бојкот на претседателските избори. Кампањата ќе се води под слоганот „Македонија – Бојкотира марионета за претседател“.

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев рече: „Ова е голем историски ден на Семакедонско обединување и повторно активирање на Националниот Блок „Македонија-Бојкотира“ кој ја победи марионетската власт за референдумот на 30 септември 2018 година. Националниот Блок „Македонија-Бојкотира“ ќе води јавна кампања за неизлегување на претседателските избори наспроти кампањата на марионетските кандидати за претседател. На конкретен начин во кампањата ќе покажеме дека нема вистински македонски кандидат за претседател и дека сите понудени кандидати во својата кариера учествувале во разнебитувањето на македонската држава и македонскиот народ. Доколку народот ги направи неуспешни претседателските избори, се заветуваме дека веднаш по распишувањето на новите избори ќе понудиме вистински македонски кандидат. Исто така, доколку народот ни даде доверба на пратеничките листи, ќе иницираме референдум за промена на уставот, со цел, промена на политичкиот систем и воведување на претседателски ситем со силни овластувања на претседателот кој мора да расчисти со бандитите и националните предавници. Битката за Македонија и Македонците ќе се реши и ќе ја добиеме со бојкот и неизлегување на претседателските избори со што го отвораме патот да дојде вистински македонски претседател“, истакна Бачев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK