Најголемиот кран за отстранување на остатоците од урнатиот мост пристигна во Балтимор

рр-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најголемиот оперативен кран на источниот брег на САД беше распореден во пристаништето Балтимор и е подготвен да започне со расчистување на остатоците од мостот Френсис Скот Ки, кој се урна во вторникот кога товарен брод  удри во потпорен столб.


Кранот, кој може да подигне до 1.000 тони товар, најверојатно ќе почне да ги извлекува остатоците од структурата на мостот од реката Патапско во сабота наутро, изјави портпаролката на американската крајбрежна стража Кармен Карвер, пренесува Ројтерс.

Втор, сличен кран е на пат за Балтимор и се очекува да пристигне наскоро за да се приклучи на операцијата за отстранување на делови од срушената конструкција на мостот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK