Она што ја одбележа четиридневната потрага по малата Данка Илиќ (2) во Бор беше гостопримството на домаќините и пред се нивната подготвеност да помогнат на секаков начин. Бањско поле го „окупираа“ новинари, како и разни полициски и цивилни екипи ангажирани во спасувачките операции., пишуваат српските медиуми.
Сенката на сомнежот ги зафати сите во населбата и има многу теории.
-Вистината ќе излезе на виделина, не може да се сокрие. Ако некој е виновен нека одговори. Но, сега единствено е важно детето да се најде. Веднаш тргнавме на пат, ја пребаравме шумата, но сето тоа е предалеку за да отиде таму двегодишно дете. Па, сега го чистат местото, сто години се трупа таму – рече жител на Бањско Поље.
Данка Илиќ (2) исчезна во вторникот во 13:45 часот кога нејзината мајка му давала вода на другото дете.
По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, како и бројни мештани. По 27 часа полицијата го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поље.