На социјалните мрежи се појави видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото каде вчера околу 13 часот и 45 минути исчезна Данка Илиќ (2). На видеото се гледа автомобил кој брзо поминува околу 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, околу 13 часот и 45 минути, како што рекла нејзината мајка.
Ovo je snimak kamere sa komšijske kuće u vreme Dankinog (2) nestanka pic.twitter.com/Thng7AILyV
— larakorft (@larakorft1) March 27, 2024
Засега не се знае дали возачот на автомобилот има информации за исчезнувањето на девојчето, или дали го видел девојчето, со оглед на тоа што времето на нејзиното исчезнување и поминувањето на возилото се различни.
Куќата пред која е снимен автомобилот се наоѓа на стотина метри од местото каде исчезна Данка, пишуваат медиумите.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна вчера околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор, а во потрагата по девојчето беа вклучени сите дежурни служби на полицијата, а системот „Најди ме“ е активиран за првпат во Србија.