Пријателскиот натпревар меѓу Шпанија и Бразил, на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, беше се само не пријателски. Португалецот Антонио Нобре е „заслужен“ за нервозата која владееше на теренот, особено меѓу Бразилците.
Натпреварот во Мадрид заврши без победник 3:3. Навивачите на „Сантијаго Бернабеу“, може да ја видат магијата на Дани Олмо и голот на новиот бразилски вундеркинд Ендрик.
Спорни се пеналите кои Нобре ги досуди за Шпанија во 12. и 87.минута.
Spain won the penalty kick with Yamal. Is it true?pic.twitter.com/QVDKNPtlLp
— FootColic ⚽️ (@FootColic) March 26, 2024
🧱 Carvajal intenta llegar antes que Beraldo al balón, se lo envía largo, chocan ambos pero Dani nunca llegaría a su propia prolongación.
📌 PARA MÍ NO ES PENAL.
👮🏻♂️:❌️pic.twitter.com/HzfxDlyTvq
— Mr. Asubío (@MrAsubio) March 26, 2024
Лут поради она што се случуваше на теренот во Мадрид, претседателот на Фудбалска асоцијација на Бразил (ЦБФ), Едналдо Родригез, најави дека официјално ќе ја извести ФИФА дека репрезентацијата на петкратниот светски првак повеќе нема да игра пријателски натпревари на кои нема видео технологија.
„ЦБФ ќе ја извести ФИФА дека не само на официјалните натпревари на бразилскиот тим, туку и на пријателските, употребата на ВАР мора да биде задолжителна. Фудбалот многу напредуваше, вакви работи се недозволиви во еден ваков важен натпревар“, изјави Родригез.