Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство: бараат покачување на месечниот надоместок, регулирање на работниот однос

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во 11 часот, приватните специјализанти ќе одржат мирен протест пред Министерството за здравство.



Тие преку соопштение упатија неколку барања до министерот за здравство.

„Покачување на месечниот надоместок (кој моментно е 26.000 денари) на ниво на моментна просечна плата во РС Македонија и понатамошно усогласување на нашата плата со просечната плата во државата. Здравствено осигурување да добијат сите приватни специјализанти.

Регулирање на работниот статусот на приватните специјализани (моментно се водиме како невработени лица, со договор на дело, без ниеден ден стаж во тек на 6 години специјализација)“, бара Здружението на лекарите специјализанти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK