Репрезентацијата на Украина избори пласман на ЕУРО 2024 откако го победи Исланд со 2:1. На ЕП, Укаина ќе игра во групата Е, со селекциите на Белгија, Словачка и Романија.
Украина слично како и во полуфиналето против Босна и Херцеговина, успеа да победи со пресврт.
Исланд водеше со 1:0 по првото полувреме. Во 30.минута стрелец беше играчот на Џенова, Гудмунсон. Тоа беше негов четврти гол во овие два плејоф натпревари, по хет-трикот против Израел во полуфиналето.
Украинците можеа да израмнат во 37. минута кога Георги Судаков влезе во шеснаесетникот и шутираше дијагонално од десната страна во поблискиот агол, но голманот Валдимарсон успеа да ја избие топката во корнер.
Само две минути подоцна мрежата на Јаремчук погоди по центаршут од десната страна, но по ВАР проверка голот беше поништен поради офсајд.
Украина изедначи во 54.минута со голот на Циганков.
Следуваше помирен период од натпреварот, кога Украинците ја имаа иницијативата, но без сериозни шанси за гол. На другата страна, Исланѓаните опасно се заканија преку Торстеинсон во 77. минута. Од левата страна одлично шутираше во горниот лев агол, но голманот Лунин одлично одбрани.
Неполни две минути подоцна нова голема опасност пред голот на Украина, но ударот на Гудмундсон заврши покрај десната статива.
Казната за нереализираните шанси Исланѓаните ги стигна во 84. минута, кога Мудрик од работ на шеснаесетникот го погоди десниот долниот десен агол.