Празен јарбол, државното знаме истуткано и фрлено на земја – ваква е сликата во моментов на Граничниот премин, Ќафасан, велат од Левица.
„По уредувањето на влезот и излезот во и од државата се проценува системот. Оттука, македонскиот е трул со самоуништување и непочит кон националните обележја. Државните симболи во континуитет се деградираат, со крајно непочитување и кршење на законите од страна на властите. Прекршен е член 19 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија, според кој: „кога знамето е спуштено, ниеден негов дел не смее да го допира подот…” Знамето на сликиве не само што е фрлено на земја, туку е и извалкано со кал. Фотографиите ни ги пратија ЗАГРИЖЕНИ сограѓани, за кои, единствено, Левица е гласот на народот“, дополнуваат од Левица.
Како што посочуваат, единствено, Левица се бори за националните интереси.
Левица апелира до техничкиот министер Панче ТОШКОВСКИ веднаш да реагира за ваквото кршење на законите и да утврди одговорност од лицата кои дозволиле вакво непочитување на државните симболи!