Вчера во 09.00 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.П.(42) од Скопје поради тоа што на 23.03.2024 на подрачјето на Карпош и упатувал закани на неговата 38-годишна сопруга и насилно влегол во продажно место каде работела, каде скршил дел од инвентарот, а потоа го одзел дневниот промет од касата, соопшти полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.