Карлос Саинц оствари импресивна победа во трката за Големата награда на Австралија во Формула 1 шампионатот.
Возачот на Ферари нема договор за следната сезона, а веќе на големо се зборува за тоа како би можел да го замени Серхио Перез во Ред Бул.
Шпанецот ја започна својата кариера во најбрзиот циркус во Торо Росо во 2015 година, сестринскиот тим на Ред Бул. Тогаш негов партнер беше Макс Ферстапен.
Кристијан Хорнер не ја исклучува можноста овие двајца повторно да бидат тимски колеги.
„Се е можно, бидејќи Саинц имаше одлични трки. Реално, тој е единствениот возач кој може да го победи Ред Бул од 2022 година. Не брзаме, засега сме задоволни како Серхио Перез си ја врши работата“, остана нејасен Хорнер.