Од полноќ поскапуваат горивата

od-polnokj-nova-cena-na-gorivata-vo-makedonija-227229.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,33% во однос на одлуката од 22.3.2024 година.


Од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,776 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,028%

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK