Десниот бек Матијас Гицел, светскиот шампион со Данска е избран за најдобар ракометар во светот за 2023 година, а Норвежанката Хени Рајстад, која освои две третини од гласовите, за најдобра ракометарка на планетата во изборот на Светската ракометна федерација (ИХФ).
Гицел е прогласен за најдобар играч на Светското првенство во 2023 година. Данска во финалето ја победи Франција со 34:29.
Десниот бек беше и најдобар стрелец на Мундијалот, а лани со Берлин ја освои Европската лига, второто најсилно континентално клупско натпреварување.
Ова е негова прва титула најдобар ракометар во светот, а на таа позиција го наследи сонародникот Никлас Ландин, кој беше избран за најдобар во 2021 година, бидејќи наградата не беше доделена за 2022 година.
Во женска категорија Норвежанката Рајстад е избрана за најдобра ракометарка во 2023 година откако со Норвешка стигна до финалето на Светското првенство во кое беше поразена од Франција.