ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните во Крњево-наспроти сјајот на Ист Гејт Мол не заслужуваат ваков третман

IMG_20240325_100855_468.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Елементарна негрижа за хигиената на територијата на цела Општина Центар. Крњево е едно од населените места каде што жителите како да живеат во 19 век според условите на терен, наспроти сјајот на Ист Гејт Мол“, велат од ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ.


„Ова се фотографии од ова континуирана негрижа, односно неводење сметка за хигиената во ова населено место кое се наоѓа атрактивна локација на само околу 2км од строгиот Центар на градот.

Општински комитет Центар потенцира дека Центарци не заслужуваат ваков третман и апелираме општината на чело со градоначалникот Герасимовски да се фати за работа зашто најмалку од него што се очекува е водење грижа за хигиената. Центарци тоа го заслужуват и очекуваат“, соопшти ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK