Откако се дозна за разводот на манекенката Жизел Бундхен и поранешната НФЛ ѕвезда Том Брејди, се шпекулира дека таа го изневерувала. Сега за прв пат реши да одговори на тие озборувања.
„Тоа е лага“, изјави Жизел за гласините дека го изневерувала Том со Хоаким Валенте, нејзиниот инструктор по боречки вештини со кој сега е во врска. Таа додаде дека мрази озборувања.
„Навистина не сакам да правам таблоид од мојот живот. Не сакам да се отворам за сето тоа“, додала Жизел во интервју за „Њујорк тајмс“. Таа се осврна и на критиките со кои се соочи по разводот. „Тоа е нешто што им се случува на многу жени кои се обвинуваат кога имаат храброст да напуштат нездрава врска, веднаш се етикетирани како неверни“, вели таа.
Забележува дека никој не може да знае што се случува меѓу две лица зад затворени врати. Таа зборуваше и за новата врска. „Ова е прв пат да бидам со некој кој претходно ми беше пријател. Тоа е многу различно. Тој е искрен и многу транспарентен”, рече таа.
Бундхен и поранешната НФЛ ѕвезда Том Брејди поднесоа барање за развод на 28 октомври 2022 година по 13 години брак. Поранешниот пар има две деца – синот Бенџамин Реин (14) и ќерката Вивијан Лејк (11). Брејди (46) го има и синот Џек (16) од претходната врска.
Врската со Хоаким ја започна во јуни минатата година. „Тие се забавуваат од јуни. Одат бавно. Тие беа добри пријатели од самиот почеток. Таа е многу приватна во врска со тоа и сакаше да држи сè во тајност додека не се запознаат“, изјави извор претходно за „Пипл“.
Друг извор потврди дека Бундхен и чувствата на нејзиниот тренер се развиле додека биле само пријатели. „Тој и беше голема утеха кога минуваше низ развод. Нивното пријателство стана романтично по разводот“, вели друг извор.