Пожарот во една од најголемите термоелектрани во југозападна Русија денеска стави надвор од работа две централи, што накратко го прекина снабдувањето со енергија за потрошувачите, изјави регионалниот гувернер.
Василиј Голубев на Телеграм објави дека нема жртви и дека властите ги истражуваат причините за пожарот во електраната Новочеркаск во Ростов. Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили уништиле 11 украински беспилотни летала лансирани во текот на ноќта над Ростов, но не соопшти ништо за евентуална штета.
Overnight, Ukrainian drones successfully hit the Russian Novocherkassk power plant in Rostov Oblast, disabling two of the plant’s power units. pic.twitter.com/S1p1Xx7dYY
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) March 25, 2024
Рускиот информативен канал „База“ сепак објави дека пожарот во електраната во Ростов бил предизвикан од напад на украински беспилотни летала. Украина не се огласи за овие напади.
Новочеркаск е една од најголемите термоелектрани на југозападот на Русија, објави сопственикот на електраната ОГК-2, која е контролирана од подружница на рускиот енергетски гигант Газпром.