„Наместо програма, нови празни ветувања на ДПМНЕ, Скопје е најголем пример“, велат од СДСМ

ДПМНЕ-остави-без-пари-1300-семејства-поради-хировите-на-Мицкоски.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„ДПМНЕ наместо програма, на граѓаните им нуди нови празни ветувања. Тоа е партијата што едно ветува, а друго прави. Скопје е најголем пример за тоа што се случува кога ДПМНЕ добива власт“, соопшти СДСМ.


„Ветуваа модерно Скопје, а создадоа хаотичен, запуштен, нечист град, со јавни претпријатија заглавени во долгови.

Ветуваа бесплатен превоз, а го оставија градот без јавен превоз. Ги нема ветените 250 нови автобуси, наместо мега паркови, на сите страни никнуваат депонии.

Така ДПМНЕ функционира, едно зборува пред избори, а кога ќе добие власт, заборава на граѓаните и се грижи само за своите интереси“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK