Просинечки: Против Македонија Јоветиќ и десет нови играчи

prosinecki.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонија, во Анталија, вечерва (18 часот) ќе го одигра вториот контролен натпревар. Противник на избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе биде Црна Гора. Пред три дена Македонија одигра 1.1 со Молдавија, а Црна Гора ден претходно ја победи Белорусија со 2:0.


Во пресрет на натпреварот, новиот селектор на Црна Гора, Роберт Просинечки, најави дека со целосни нов тим ќе настапи против Македониа.

„Во тимот ќе остане само Јоветиќ, бидејќи сакаме да му дадеме минутажа што ја нема во Олимпијакос, а остатокот од тимот ќе биде сменет затоа што сакам сите играчи да добијат можност да се покажат, да се докажат и да се наметнат. Тоа сега ни е поважно од резултатот, иако сигурно ќе се обидеме да продолжиме таму каде што застанавме против Белорусија“, рече Просинечки на прес-конференцијата во Анталија, а потоа продолжи:

„Момците имаа голем мотив за Белорусија, мислам дека тоа беше евидентно. Пристигна нов тренер, нормално дека сите сакаа да се докажат. Бевме исклучително борбени на секој дел од теренот, топката се движеше добро, лесно доаѓавме до добри позиции во нападот и тоа ме радува. Се надевам дека така ќе биде и против Македонија“.

Со оглед на тоа што Просинечки најави дека само Јоветиќ ќе го започне мечот против Македонија во однос на тимот што играше против Белорусија, се очекува на теренот да бидат: Шаркиќ, Вукчевиќ, Савиќ, Вујачиќ, Радуновиќ, Лончар, Бакиќ, Јововиќ. Чамај, Јоветиќ, Мугоша.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK