Портланд Трејлблејзерс синоќа стана вториот тим во историјата на најсилната лига кој започнал натпревар со петмина дебитанти.
Тимот од Орегон беше поразен на домашен терен од Денвер со резултат 114:111. Денвер играше без двајцата најдобри играчи, Никола Јокиќ и Џамал Мареј, додека кај Портланд поради повреди отсуствуваа: Енферни Симонс, Џереми Грант, Деандре Ејтон, Шедон Шарп и Малколм Брогдон.
Поради нивното отсуство, тренерот на Портланд, Чонси Билапс уште од самиот почеток испрати квинтет „рукии“ на теренот: Скот Хендерсон (третиот пик на последниот драфт), Крис Мареј, Тумани Камара, Рајан Руперт и поранешниот кошаркар на Црвена звезда Дуоп Рит.
Портланд е вториот тим во историјата на НБА кој започнал натпревар со дебитанти, по Голден Стејт во 2012 година.
На 16 април, Вориорс го започнаа натпреварот против Сан Антонио со петмина дебитанти. За Вориорс на тој натпревар стартуваа: Клеј Томпсон, Крис Рајт, Џереми Тајлер, Микел Гледнес и легендарниот Американец кој долги години играше за Црвена звезда, Чарлс Џенкинс.
Стартери во НБА се бележат од сезоната 1971/1972 година.