Украинката Анхелина Калинина ја победи Арина Сабаленко во три сета во третото коло на ВТА турнирот во Мајами.
Калинина, 35. тенисерка на ВТА листата, првиот сет го доби со 6:4, вториот го загуби со 1:6, но во третиот беше доминантна – 6:1.
Натпреварот траеше два часа.
За Сабаленка ова беше крај на трауматичната недела во Мајами, настапи на турнирот и покрај смртта, наводно со самоубиство, на нејзиното поранешно момче Константин Колцтов.
Мечот против Украинката како и претходниот го одигра во комплет црна опрема.
Грешките, пропуштените прилики ја доведоа до фрустрација, па во неколку наврати лутина и беспомошна го тресна рекетот на теренот. На крајот го скрши, тоа се случи по последниот поен на Украинката, а потоа ја наведна главата и го напушти теренот без да се поздрави со противничката.
😭😭😭 pic.twitter.com/BJxXnMtcQZ
— News Aryna Sabalenka (@Sabanewsss) March 24, 2024