Шарл Мишел: Изјавата на Песков дека Русија е во војна, покажува дека ЕУ е во право што ја зајакнува одбранбената подготвеност

sarl-misel-charles-michel-evropski-savet.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска ја нарече цинична изјавата на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков дека Русија е во војна откако Западот интервенираше на страната на Украина и оцени дека тоа покажува дека ЕУ е во право што работи на подобрување и зајакнување на својата одбранбена готовност.


„Од една страна, не сакаме да шириме вознемиреност во европските општества, тоа е многу јасно. Од друга страна, мора да бидеме луцидни и да им кажеме на нашите граѓани низ ЕУ дека ако сакаме мир, ако сакаме безбедност и стабилност, исклучително е важно да ги подобриме нашите одбранбени капацитети, нашата одбранбена способност и да изградиме вистинска Европска унија во однос на одбраната“, рече Мишел на крајот од самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.

На заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на прашањето дали ЕУ е подготвена за војна по изјавата на Песков, тој рече дека таквата изјава е многу значајна и цинична, бидејќи Русија веќе две години повторува дека тоа не е војна против Украина, туку специјална воена операција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK