Бојмацалиев: Денес пристигнуваат 400.000 обрасци за лични карти, над 50.000 документи чекаат одобрување

ojmacaliev-vo-Resen.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес Министерството за внатрешни работи очекува да пристигнат нови 400.000 обрасци за лични карти. Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев денес при посетата на Ресен, извести за новите обрасци и нагласи дека иако процесите во делот на вадење лични се одвиваат тековно, има лични карти кои чекаат одобрување.


„Бројката на неодбрени документи стига над 50.000 и во текот на денешниот ден ќе упатам и писмо за состанок заедно со раководството на управните служби и министерот Тошковски, да го надминеме овој проблем“, рече Бојмацалиев.

Тој денес заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, ги посети реконструираните простории на управните служби на ОВР Ресен. Целосната реконструкција на ОВР Ресен е во вредност 12.800.000 денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK