Матичните лекари в понеделник од 12 до 16 часот нема да работат: секој од нас можеше да биде на местото на убиениот колега

Screenshot_22-3-2024_133137_www.facebook.com_.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

В понеделник, од 12 до 16 часот, матичните лекари ќе престанат да даваат секакви услуги за да искажат колку се незаштитени како лекари по синоќешното убиство на колегата на паркингот пред Поликлиниката „Железара“. Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватните матични лекари, вели дека имало предлози прекинот на работата да биде подолг, но се одлучиле за четиричасовен за да не биде на штета на пациентите.


„Ова не смееме да го премолчиме. Секој од нас можеше да биде на местото на убиениот колега. Колегите се едногласни во ставот дека мора да реагираме. Имаше предлози прекинот да биде и шест часа, но се догворивме да бидат четири и одлуката е веќе донесена. В понеделник, во периодот од 12 до 14 часот, матичните лекари нема да даваат ниедна услуга. Мора да кажеме колку сме незаштитени како лекари во примарно здравство. Немаме ниту, пак, со капитацијата можеме да си платиме обезбедување, а работиме со секакви пациенти“, вели претседателката Чолакова-Дервишова за „Макфакс“.

Со прекинот на работата сакаат да издејствуваат донесување на законот за докторска дејност, кој предвидува поголема заштита на лекарите.

„Законот е подготвен и фаќа прашина во некоја фиока. За него зборувавме уште кога беше министер Никола Тодоров. Многумина се сменија од тогаш, а законот не е донесен“, рече претседателката Чолакова-Дервишова.

Таа апелира МВР што побргу да го расчисти случајот оти и тие како лекари се чувствуваат загрозени по убиството на колегата.

МВР утрово соопшти дека доцна синоќа на паркингот пред Поликлиниката „Железара“ со убодни рани од нож бил пронајден 67-годишен лекар. Го пронашле синовите, кои излегле да го бараат оти не се вратил од работа. Убиениот бил матичен лекар, концесионер со ординација во Поликлиниката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK