Мегваер: Многу луѓе мислат дека не треба да играм

M2VHO64OKZLORPACCLY5I3XKLE.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Репрезентацијата на Англија се подготвува за пријателскиот натпревар против Бразил на „Вембли“. Дуелот со Бразил ќе биде еден од најсериозните тестови за „Гордиот Албион“ кој во јуни со големи амбиции ќе настапи на ЕУРО 2024.


Пред натпреварот интересно излагање имаше Хари Мегваер, еден од најискусните во репрезентацијата на Англија.

Централниот дефанзивец имаш турбулентна сезона во Манчестер јунајтед. Многумина сметаа дека не треба да игра за националниот тим, но селекторот Герет Саутгејт има голем доверба во него.

„Благодарен сум на селекторот за поддршката и довербата што бев на секој натпревар, на секој список, речиси секој пат стартер. Многу луѓе мислат дека не треба да играм. Има и милиони луѓе кои мислат дека треба да играм. Тоа е фудбал и затоа е прекрасна игра, бидејќи секој има различно мислење“, изјави Мегваер.

Англија игра со Бразил на „Вембли“ во сабота и со Белгија три дена подоцна. На ЕУРО 2024 Англија е во група со Данска, Словенија и Србија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK