Уапсена 60-годишна скопјанка: нападнала 33-годишен маж, а подоцна и полицаец

1692973564_policija-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа во 23.20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода В.Ј.(60) од Скопје.


Таа, претходно, на улицата „Трајче Стрезоски“ во Кичево физички го нападнала Ф.С.(33) од Скопје и ја оштетила неговата службена опрема, а потоа во службените простории на ОВР Кичево, каде била повикана на разговор, физички го нападнала полицискиот службеник и го уништила изготвениот службен материјал.

По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK