Утре во Охрид изложба на вооружување, борбени системи, опрема и моторни возила на Армијата на РСМ

Ohrid-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утре (23.03.2024 година) од 09 до 18 часот, на градскиот плоштад во Охрид, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички збор односно изложба на вооружување, борбени системи, опрема и моторни возила.


Во рамките на оваа активност, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро кај градското пристаниште, со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема, ќе изведат показна вежба-препад на пловен објект.

Во вежбата ќе се вклучи и хеликоптер на воздухопловниот ВИНГ на Армијата. Сите активности во рамките на тактичко-техничкиот збор и показната вежба, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на полициската станица Охрид и полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ (Езерска полиција).

Со оваа активност, Армијата на РСМ ја одбележува 75 годишнината од формирањето на НАТО Алијансата и 4 годишнината од членството на РСМ во НАТО сојузот.

СВР Охрид апелира до граѓаните, да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK