Млади македонски стрип-автори учествуваат на фестивал во Полска

Screenshot_22-3-2024_95130_outlook.office.com_.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неколкумина млади стрип-автори од Македонија  со сопствени стрип-дела учествуваат на 13 Стрип фестивал во Краков, Полска. Ангела Петрушевска, Методија Стојановски, Матеа Аризановска, Славица Купенкова, Ѓоре Ѓелев, Војдан Андонов и Цанко Стефанов ги изложија своите дела во Краков како резултат на веќе воспоставената меѓународна соработка. Фестивалот се одржува од 22 до 24 март.


Томе Трајков од Македонскиот стрип-центар од Велес , вели дека оваа изложба и каталог  се продукт на соработката започната во август 2023 и гостувањето на-стрип уметници од земјите на Вишеград групата на стрип-колонијата во Велес.

Стрип-фестивалот во Краков е најголемиот годишен состанок на љубителите на стрипови, илустрации, анимации и други форми на визуелно раскажување приказни во јужна Полска. Програмата на секое издание вклучува атракции за сите возрасни групи: средби со автори, панели за дискусија, предавања, работилници, косплеј шоуа и изложби.

Јадрото на програмата на 13-тиот фестивал на стрипови во Краков (22-24 март)  се состои од средби со уметници од Полска, Чешка, Франција, Германија, Велика Британија и Аргентина. Ќе има индивидуални и групни изложби со уметници од целиот свет. Фестивалот ќе биде проследен и со стрип прошетки низ Краков.

Организатори на 13-тиот фестивал на стрипови во Краков се: Здружението на стрипови во Краков, Фондацијата музеј на стрипови и Канцеларијата на фестивалот во Краков – оператор на програмата Град на литературата на УНЕСКО во Краков и палатата Потоцки.

Трајков вели дека иднината на македонскиот стрип не завршува со споменатите автори, туку е многу побројна категорија. Стрип-центарот од Велес континуирано организира едукативни активности и меѓународни промоции. Такви настани се планирани и за 2024 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK