Кирил и Кристијан од Ресен по втор пат се навионални победници на европскиот квиз на парите

ekp_mba_pari_2342343
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од СОУ „Цар Самоил“ од Ресен, под менторство на професорката Дијана Ѓоргиевска се победници на националниот натпревар за Европскиот квиз на парите, кој во организација на Македонската банкарска асоцијација (МБА), со поддршка на Народната банка и Комисијата за хартии од вредност се одржува шести пат, за време на Глобалната недела на парите. Ова е втора победа на двајцата ученици, оваа година како средношколци, откако и лани го освоија првото место на националниот натпревар. Тие ќе ја претставуваат нашата земја на европското финале, кое ќе се одржи на 19 април во Брисел, Белгија.

Второто место го освоија Стефани Георгиевска и Филип Клобучински од СЕПУГС Васил Антевски Дрен со менторката Билјана Ниновска, додека третопласирани беа Лара Росоманска и Елена Ризова од СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци,  со менторката Лоска Давчева.


На националниот натпревар годинава се пријавија 525 тимови од 85 училишта, менторирани од 102 професори. На македонски јазик се натпреваруваа 479 тимови, а 46 тимови се натпреваруваа на албански јазик. На финалниот натпревар којшто се одржа во просториите на МБА, учествуваа најдобрите тимови од првиот круг и беше прогласен најдобриот национален тим.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK