Во продолжението на офанзивата на израелската армија врз болницата Ал Шифа во градот Газа, загинаа уште педесетина милитанти, соопшти израелската армија.
Израелските сили објавија и дека пронашле складишта за оружје. Цивилите, пациентите и лекарите не се повредени, а медицинската опрема не е оштетена, тврдат од армијата.
Израелските сили упаднаа во најголемата болница во Појасот Газа во понеделникот рано наутро во напад врз Хамас и неговата инфраструктура. Во операцијата досега се убиени двајца израелски војници, а приведени се околу 160 осомничени.