Изведба на балетската класика „Лебедово езеро“ на сцената на Националната опера и балет на 5 април

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 5 април со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Лебедово езеро“ од Петар Илич Чајковски.



Под диригентската палка на Бисера Чадловска, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина, во улогата на Одета/Одилија ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогота на принцот Зигфрид ќе настапи Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Ротбарт е Балаж Лочеи (Унгарија), Па де труа: Христина Наќевска, Наташа Трендафилова Гицев, Ендру Кук (Англија). Сценографијата и костимографијата се на Андреј Злобин и Гана Ипатиева од Украина, концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Балетска класика „Лебедово езеро“ ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на П. И. Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид. Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK