Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од три ипол години

lisici-apsenje-policija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (19 март) околу 20 часот и 40 минути на улица „Киро Ристевски – Дрнц“ во Тетово го привеле 51-годишниот тетовец Н.Е, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.


Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK